Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој престојуваше во официелна посета на Република Србија по повод 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина, во сабота, на 29. октомври, го посети 61-от Меѓународен саем на книгата и се задржа на штандот на Исламска Република Иран, каде го примија амбасадорот на Исламска Република Иран г. Маџид Фахимпур и д-р Мохсен Солејмани, аташе за култура на Амбасадата на Исламска Република Иран во Белград и му посакаа срдечно добредојде.
Во текот на посетата на претседателот на Република Македонија на штандот на Иран му беа претставени и објаснети изложените книги на штандот, а уметниците за персиска калиграфија и минијатура претставија работилница за убаво пишување и традиционален ирански цртеж. На крајот на посетата претседателот Иванов имаше прилика да ја проследи кратката изведба на иранското традиционално раскажување и традиционална музика, на која настапија млади ирански уметници.